МНР: Вториот застрелан македонски државјанин на Халкидики е во стабилна состојба
Министерството за надворешни работи соопшти дека здравствената состојба на Сеад Слезовиќ кој вчера беше застрелан во Ханиоти, Халкидики, при што беше убиен Орхан Бајрами - Оки, е во стабилна состојба.
„По вчерашниот инцидент, Амбасадата на Република Северна Македонија во Атина и Генералниот конзулат во Солун се во постојана комуникација со официјалните претставници на институциите на Грција и за сите промени редовно известуваат во централата на Министерството за надворешни работи во Скопје. Според информациите добиени од Генералниот конзулат во Солун, кој е во редовна комуникација со болницата каде е хоспитализиран повредениот од вчерашниот инцидент во Халкидики, повредениот е во стабилна состојба и е надвор од животна опасност“, објави МНР.
Од таму додаваат дека дипломатско-конзуларната мрежа во Грција е останува активна, и покрај редовните известувања, стои на располагање и за евентуални потреби на нашите институции.
Според информациите добиени од Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија, во делот на оперативната соработка веднаш по вчерашниот настан службите на двете земји се во постојана комуникација и разменуваат информации во полза на истрагата и расчистување на случајот.
