Економија, финансии, бизнис

Контакт

МНР ВОСПОСТАВИ КОНТАКТ: Mакедонските државјани на крузерот не се инфицирани

МНР ВОСПОСТАВИ КОНТАКТ: Mакедонските државјани на крузерот не се инфицирани

Тројцата македонски членови на екипажот на „Дајмонд Принцес” не се заразени со коронавирусот. 

Се работи за двајца мажи и една жена, кои се наоѓаат во добра здравствена состојба, потврдуваат од Министерството за надворешни работи.

Тие се заглавени на закотвениот брод во близина на Јокохама во Јапонија и живеат под режим на епидемиолозите.

На 6 февруари беше потврдено дека македонски државјани има на бродот. 

На истиот крузер имаше и српски државјани. 

Од коронавирусот починаа 910 луѓе, а инфицирани се над 40.000 луѓе во повеќе земји. Од овој опасен вирус се излечија 3.200 луѓе. 

Слично

Поврзани вести