Економија, финансии, бизнис

Контакт

МНР: Во Солун е примен повик од македонско семејство кое не се наоѓа во загрозувачка ситуација

МНР: Во Солун е примен повик од македонско семејство кое не се наоѓа во загрозувачка ситуација

Во конзулатот во Солун е примен повик од едно македонско семејство кое е на летување, но истото не се наоѓа во опасна загрозувачка ситуација. Од МНР додаваат дека врнежите и силниот ветар се очекува да престанат утре на пладне. Во македонскиот конзулат функционира дежурен телефон 00306987200410, на кој може да се обратат македонски државјани во случај на потреба.

Интензивните врнежи што ја погодија цела Грција предизвикаа поплави на патиштата особено на патот Лариса-Кожани и Ситонија, вториот крак на Халкидики, каде што во Торони, Порто Куфо и Тристиника дошло до поплавување на паркирани возила и заглавување на десетина туристи. 

Овие лица информираат од македонското МНР, денеска се евакуирани од грчките органи и меѓу нив нема македонски државјани.

Слично

Поврзани вести