МНР во обид да замолчи новинар на ТВ21 кој сакаше да постави прашање
Новинарот Фуркан Салиу од ТВ21 се соочи се обид за замолчување од страна на вработен во МНР за да не постави прашање на прес конференцијата на министерот за надворешни работи Димитрив и медијаторот Метју Нимиц.
„Ако поставиш прашање, никогаш нема да добиеш интервју“, на Салиу му се заканил Јане Лазевски од МНР. Но, новинарот го постави прашањето, а за да добие збор, се согласил и меѓународниот посредник, барајќи внимание за прашањето што ќе му биде поставено.
Новинарот на ТВ21 започна да го поставува прашањето без микрофон, а во текот на поставувањето на прашањето, беше предупреден од страна на Лазевски за да не ја доврши реченицата.
„По завршувањето на прес конференцијата, други вработени од министерството му се заканија на новинарот со одземање на акредитацијата и упатување на протестна нота до редакцијата. За да се расчисти случајот, редакцијата побара официјален став од МНР во врска со инцидентот. ТВ21 побара објаснување дали е ова официјален став на МНР,или само на еден вработен во министерството, но одговор од таму се уште нема. Во текот на денот, други претставници на министерството се јавија на телефон во редакцијата, но не дадоа официјален одговор, упатувајќи ја редакцијата, барањето да го испрати по писмен пат“ велат од ТВ21.
За инцидентот реагираше и ЗНМ, од каде овој настан го оценија како притисок врз медиумите кои упатија остра осуда.
МНР засега не испратиле официјален одговор за овој инцидент до ТВ21.
