МНР ВО БОИТЕ НА УКРАИНСКОТО ЗНАМЕ: Остануваме на страната на украинскиот народ и нивната борба за слобода
Зградата на Министерството за надворешни работи(МНР) е во боите на украинското знаме во пресрет на втората годишнина од руската агресија врз Украина.
Шефот на дипломатијата, Бујар Османи објави дека дава неедвосмислена поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина
„Остануваме на страната на украинскиот народ и нивната борба за слобода, мир и демократски вредности“, вели Османи.
Утре се навршуваат две години од почетокот на војната во Украина. Десетици илјади луѓе загинаа во Украина.
фото Фејсбук/Бујар Османи
Слично
