МНР уште го чека Авганистан
Македонското МНР се уште нема добиено официјална информација од властите во Авганистан за убиството на македонскиот работнмик Илија Мерџановски од Љубанци, кој заедно со уште двајца колеги беше киднапиран и усмртен на втори август.
37 годишниот заминал со желба да обезбеди средства за да го продолжи приватниот бизнис во родното село. И претходно работел во Авганистан, но ова било неговото последно патување.
Од МНР велат дека информациите што ќе ги добијат, ќе ги проследат на домашното МВР за понатамошно постапување.
Македонскиот државјанин работел како готвач во француската компанија за кетеринг „Содексо“.
Локалната полиција настанот го води како терористички напад, но до сега ниедна група не преземала одговорност за нападот.
