Економија, финансии, бизнис

Контакт

МНР УПАТИ ПРОТЕСТНА НОТА: Бугарскиот амбасадор не ја прифатил

МНР УПАТИ ПРОТЕСТНА НОТА: Бугарскиот амбасадор не ја прифатил

Министерството за надворешни работи(МНР) ѝ врачи протетстна нота на Бугарија, но амбасадорот Желазко Радуков одби да ја прими.

Бидејќи немаше македонското знаме на средбата меѓу претседателката Гордана Сиљановска - Давкова и бугарскиот претседател Румен Радев минатата недела во Софија, денеска во МНР е повикан новоименуваниот бугарски амбасадор во земјава  Радуков, за да му биде врачена протестна нота. Тој одби да ја прифати протестната нота.

„На средбата беше изразена загриженост поради отстапувањето од договорениот протокол за фотографирањето на двајцата претседатели, при што дополнително беше побарано објаснување од бугарската страна“, велат од МНР.

Во разговорот со бугарскиот амбасадор е потенцирано дека средбата и заедничкиот ручек на двајцата претседатели поминале во пријателска атмосфера, додаваат од министерството.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска порача дека Бугарија сака да покаже мускули. Вели дека Македонија веќе нема да толерира непочитување.


Од Бугарија пак велат дека Сиљановска-Давкова не била во официјална посета за да ја пречекаат со знаме.

Слично

Поврзани вести