Економија, финансии, бизнис

Контакт

МНР со важна информација за нашите граѓани кои се или планираат да патуваат во Словенија

МНР со важна информација за нашите граѓани кои се или планираат да патуваат во Словенија

Македонското Министерство за надворешни работи (МНР) ги повика Македонците кои се во Словенија да ги напуштат загрозените подрачја.

Поради големото невреме во Словенија, затворени се бројни патишта и автопатишта низ целата земја.

„Исто така ги повикаме граѓаните кои планираат да патуваат во Словенија или транзитираат преку неа, да проверат кои патишта се слободни“, се вели во соопштението на МНР.

Од Министерството информираат дека доколку има граѓани во погодените региони и имаат потреба од помош да ја контактираат Амбасадата на Северна Македонија во Љубљана, на следните телефонски броеви: +386 1 421 00 21;  +386 41 544 222 или на следната е-маил адреса ljubljana@mfa.gov.mk.

Веќе има неколку жртви во Словенија. 

Словенија е во вонредна состојба поради силните поплави и невремето што ја опустоши земјата во текот на ноќта.

Невреме се очекува утре и во Македонија и тоа со обилни врнежи од дожд, како и можност за град. 

Слично

Поврзани вести