Економија, финансии, бизнис

Контакт

МНР со сочуство до Русија, во нападот нема жртви Македонци

МНР со сочуство до Русија, во нападот нема жртви Македонци

Министерството за надворешни работи на Република Македонија изразува сочувство за семејствата на загинатите и повредените во експлозијата што денеска се случи во Санкт Петербург, Руска Федерација.

Од Министерството за надворешни работи информираат дека се во постојан контакт со надлежните институции во Руската Федерација и до овој момент нема добиено информација за повредени и/или загинати македонски државјани.

За сите прашања поврзани со безбедноста на македонските граѓани кои во моментот се наоѓаат во Санкт Петербург, од МНР бараат да се обратат на дежурните телефони во Дипломатско-конзуларното претставништво на Република Македонија во Москва и во Министерството за надворешни работи на Република Македонија.

Амбасада на Република Македонија во Москва, Руска Федерација

Лице за контакт: Јани Богоевски

Мобилен телефон: +79264516986

Адреса: Дмитрија Улјанова 16/2, влез 8, кат 1, стан бр. 509 и 510, 117292 Москва

Е-пошта:moscow@mfa.gov.mk.

Слично

Поврзани вести