Економија, финансии, бизнис

Контакт

МНР со реакција до УЕФА откако Сејдини и Поповски ги претстави како „Северномакедонци“

МНР со реакција до УЕФА откако Сејдини и Поповски ги претстави како „Северномакедонци“

Од македонското МНР испратиле реакција до Куќата на фудбалот откако на официјалниот сајт на УЕФА, каде се претставени федерациите, покрај името Фудбалска федерација на С.Македонија, претседателот Муамед Сејдини, и генералниот секретар Сашо Поповски се претставени како Северномакедонци.

- МНР постојано води сметка за точната употреба на името на државата, државјанството и етничката припадност на граѓаните на Македонија. Како што сме реагирале соодветно до сите меѓународни медиуми, ентитето итн., кои погрешно употребиле било кој од наведените термини, така реагиравме и до УЕФА, барајќи коректна употреба на овие термини, согласно Уставот и личната карта на земјата во Обединетите Нации, гласи одговорот на министерството до Канал 5.

Интерпретацијата на терминот „македонски“ и „Македонец“ често во меѓународната комуникација знае да изостане, иако тоа е во рамки на Преспанскиот договор. Претходно португалската министерка за Европи, Ана Паула Закаријаш, македонскиот јазик го нарече „северномакедонски“.


Слично

Поврзани вести