МНР со нота за бугарскиот пратеник кој ја нарече Македонија „втора бугарска држава“
Министерството за надворешни работи уповторно упати вербална нота до Бугарија, овојпат по изјавите на пратеникот Костадин Костадинов кој за време на конститутивната седница на бугарското народно собрание ја нарече Македонија - „втора бугарска држава“.
Лидерот на политичката партија „Преродба“ пред неколку дена изјави - „Должни сме да го заштитиме бугарскиот национален интерес во втората бугарска држава во Европа, Македонија или како што е од скоро Северна Македонија“, изјави Костадинов.
Од македонскоот МНР изразуваат крајно незадоволство од содржина на изјавата во која јавно се изразува иредентистички и територијални претензии кон Република Северна Македонија.
– Го повторуваме апелот дека ваквите изјави се директно спротивни на интенцијата на двете држави го почитуваа и да го негуваат духот на Договорот за пријателство и добрососедство, во насока на создавање блиски и пријателски односи базирани на меѓусебна почит и соработка. Токму во духот на добрососедството, очекуваме релевантните политички и институционални фактори во Република Бугарија да се оградат и да ги осудат ваквите провокации и обиди за нарушување на добрососедските односи, соопшти МНР.
