Економија, финансии, бизнис

Контакт

МНР предупредува Македонците да внимаваат во Грција - протести ќе има во 14 градови

МНР предупредува Македонците да внимаваат во Грција - протести ќе има во 14 градови

Министерството за надворешни работи на Македонија ги предупреди граѓаните на Република Македонија за најавените протести што ќе се одржат утре во 14 градови во Грција.

„Се информираат граѓаните на Република Македонија кои утре, 6 јуни 2018 год., ќе бидат или планираат да патуваат во Грција, дека грчката организација „Комитет за борба за грчкиот карактер на Македонија“, најавува протести во четиринаесет  поголеми градови во Северна Грција против употребата на зборот „Македонија“, што ќе се одржат истиот ден (среда, 6 јуни), со почеток во 19.30 часот. Поради потенцијалната можност од ескалација на протестите, се предупредуваат граѓаните на Република Македонија да ги избегнуваат местата на нивно одржување, како и од секакви реакции кои би имале негативни последици по нивната безбедност“- стои во предупредувањето од МНР.

Грците и претходно организираа протести за одбрана на името Македонија. Тие не сакаат во името на нашата земја да стои терминот Македонија. 

Слично

Поврзани вести