Економија, финансии, бизнис

Контакт

МНР: Пред да патувате во Катар да внимавате со летовите

МНР: Пред да патувате во Катар да внимавате со летовите

Министерството за надворешни работи на Република Македонија ги предупреди граѓаните пред да се решат да патуваат кон Катар кој се наоѓа под голема блокада од арапските земји навремено да се информираат за летовите и плановите за патување.

- Иако забраните и рестрикциите во патувањата не се однесуваат за граѓани на други земји кои патуваат во и од Катар, Министерството за надворешни работи ги советува сите граѓани на Република Македонија, пред патување во и од Катар, да го контактираат авио-превозникот, да се информираат за можните промени во термините и начинот на нивното патување, a во случај на потреба, да се обратат до Амбасадата на Република Македонија во Доха или директно во Министерството за надворешни работи на РМ.

Министерството за надворешни работи на РМ ќе го следи развојот на настаните во овој регион и навремено ќе ги известува македонските државјани за сите промени, велат од МНР.

МНР контакт телефони:
+ 389 2/3110 322 и + 389 2/3110 333.
Лице за инфомирање на медиуми: Силвана Ивановска
Контакт телефон: 00389 72 239 052

Македонска амбасада во Доха, Катар
Лице за контакт: Вукица Кртолица Поповска, Вршител на должност
Контакт телефон: 00 974 5006 7044
Адреса: Building No. 20, Zone 63
Str. 941, West Bay,


Слично

Поврзани вести