МНР ПОТВРДИ: Tројца македонски државјани задржани на брод во Јапонија поради коронавирусот
Министерството за надворешни работи потврди дека тројца македонски државјани се задржани на брод во Јапонија, поради присуство на коронавирусот.
Министерството за надворешни продолжува со редовното следење на состојбата во врска со ширењето на коронавирусот и мерките што се преземаат за негово сузбивање.
Бродот е задржан близу Јокохама, Јапонија. Досега на бродот се потврдени 20 лица кај кои е пронајден овој вирус.
Граѓаните на Македонија кои се наоѓаат во Јапонија, за подетални информации околу развојот на состојбите можат да се обратат во македонската амбасада во Токио.
Министерот за здравство на Јапонија, Кацунобу Като, денеска рече дека сите 3.700 луѓе кои се во бродот ќе бидат во карантин 14 дена, а заболените ќе бидат пренесени во болници.
