Економија, финансии, бизнис

Контакт

МНР потврди дека нивни вработен е притворен во Србија

МНР потврди дека нивни вработен е притворен во Србија

Македонски дипломат e притворен во Србија. 

Министерството за надворешни работи потврдува дека еден вработен во Министерството, кој во моментов е упатен во нашата Мисија во ОБСЕ во Виена, е притворен во Република Србија на 27 aвгуст годинава. Министерството за надворешни работи на Република Србија официјално ја има известено Амбасадата на Северна Македонија во Белград за настанот. Надлежниот суд во Србија определил екстрадиционен притвор по основа на меѓународна потерница за дело за кое се товари дека го сторил за време на негово приватно патување во странство. МНР во согласност со законските надлежности го стави во мирување работниот однос со притворениот вработен, сѐ додека случајот не биде разрешен.

Слично

Поврзани вести