Економија, финансии, бизнис

Контакт

МНР ПО ИЗЈАВИТЕ ОД БУГАРСКИ ПОЛИТИЧАРИ: Влогот е голем од двете страни

МНР ПО ИЗЈАВИТЕ ОД БУГАРСКИ ПОЛИТИЧАРИ: Влогот е голем од двете страни

Со Бугарија беше започнат еден исклучително важен и сложен процес на заедничко растење, велат од Министерството за надворешни работи. 

Од МНР велат дека македонската Влада како и досега ќе продолжи со засилена комуникација и консултација на политичко ниво со Европската комисија, со Бугарија како и со останатите земји членки на ЕУ.

„Влогот е голем од двете страни и очекувањето е дека ќе надвладее  меѓусебното разбирање и ќе се продолжи по патот на зближување и градење пријателство, низ заемно почитување, како две соседни европски држави. Во оваа смисла, заштитата на македонскиот идентитет, процесот на пристапување кон Европската Унија и добрососедските односи со Бугарија, не само што не се меѓусебно исклучиви цели, туку се целосно комплементарни интереси“, велат од Министерството за надворешни работи во земјава.

Претходно, бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева побара Македонија да ја признае историјата и кажа дека македонскиот јазик бил западнобугарски дијалект со србизми. 

Ние не сакаме да им го одземеме Гоце Делчев од Македонците, затоа што и ние и тие сме наследници на истите луѓе кои во минатото не делеле, изјави бугарскиот европратеникот Андреј Ковачев. 

Се навршија 117 години од смртта на Делчев. 
Слично

Поврзани вести