Економија, финансии, бизнис

Контакт

МНР остро ги осуди најновите руски напади на Украина

МНР остро ги осуди најновите руски напади на Украина

Министерство за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија преку објава на социјалните мрежи остро ги осуди најновите масовни ракетни и дронски напади на Русија врз Украина.

Министерството наведува дека нападите биле насочени кон Киев и други региони во земјата, при што имало цивилни жртви и значителна штета врз критичната инфраструктура.

„Силно ги осудуваме последните големи ракетни и дронски напади на Русија против Украина“, се наведува во објавата.

Од Министерството повторија поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, во услови на продолжени напади и ескалација на конфликтот.

Руски ноќни напади врз Украина однесоа четири животи, а околу 100 лица се повредени. Oва го соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Слично

Поврзани вести