Економија, финансии, бизнис

Контакт

МНР: Ниту еден македонски државјанин не се обратил за помош по земјотресот

МНР: Ниту еден македонски државјанин не се обратил за помош по земјотресот

Од МНР денеска информираа дека засега немаат сознанија за повредени македонски граѓани во земјотресот што ги погоди грчкиот остров Кос и турското крајбрежје, повикувајќи се на официјалните инфомации од надлежните органи од двете земји.

Од институцијата наведуваат дека ниту еден македонски државјанин не се обратил за информација или помош. Македонските дипломатски и конзуларни преставништва во Атина и Анкара, како што наведуваат, активно ја следат состојбата и се во координација со турските и грчките институции. Во земјотресот загинаа две лица, а десетици се повредени.

Земјотрес со јачина од 6,7 степени по Рихтер имаше рано утрово во Егејското море  во близина на популарни грчки и турски туристички дестинации. 

Слично

Поврзани вести