Економија, финансии, бизнис

Контакт

МНР нема сознанија за македонски државјани зафатени од катастрофалните поплави во САД по ураганот Харви

МНР нема сознанија за македонски државјани зафатени од катастрофалните поплави во САД по ураганот Харви

Согласно комуникацијата остварена со надлежните служби, македонската амбасада во САД до овој момент нема сознанија за македонски државјани зафатени од катастрофалните поплави во Хјустон и околината, причинети од ураганот "Харви".

Македонската амбасада во САД е во контакт со официјалните служби, одговорни за справување со природната катастрофа, за какви било нови информации, соопштија од МНР.

Македонски граѓани кои евентуално се зафатени од ураганот "Харви" можат да ја контактираат македонската амбасада во САД на следниве телефони:

00 1 202 390 7418

00 1 202 667 0501

За какви било дополнително добиени информации, МНР информира дека навремено ќе ја извести македонската јавност.

Слично

Поврзани вести