Економија, финансии, бизнис

Контакт

МНР: Нема повредени македонски граѓани во Италија

МНР: Нема повредени македонски граѓани во Италија

Од Македонското министерство за надворешни работи врз основа на информациите со кои досега располагаат, информираат дека нема повредени македонски граѓани во серијата земјотреси што вчера ја погодија централна Италија. 

Министерството за надворешни работи ги повика сите заинтересирани за прашањата поврзани со безбедноста на македонските граѓани кои во моментот се наоѓаат во Италија, да се обратат на дежурните телефони во македонската Амбасада во Рим или во Министерството за надворешни работи. Можат да се обратат кај Силвана Ивановска, која е достапна на телефонскиот број 38972 239 052 и на имејл silvana.ivanovska@mfa.gov.mk, Емилија Николовска од Амбасада на Република Македонија во Рим, достапна на телефонскиот број 00393889050310, и Семра Рамадани Алими, достапна на телефон 00393485273136 и на е-пошта rome@mfa.gov.мk.

По првиот потрес со јачина од 5,6 степени луѓето излегле на улиците, а два часа подоцна се случи уште еден, со јачина од 6,1 според Рихтер.

Спасувачките екипи цела ноќ по дожд ги пребарувале урнатите згради и објекти. Десетици луѓе побарале медицинска помош. 





Слично

Поврзани вести