Економија, финансии, бизнис

Контакт

МНР: Нема настрадани Македонци во терористичките напади во Лондон

МНР: Нема настрадани Македонци во терористичките напади во Лондон

Во терористичкиот напад во Лондон, на познатиот Лондонски мост и во блискиот пазар Бороу нема настрадани македонски државјани, соопшти македонското Министерство за надворешни работи. 

„Министерството за надворешни работи (МНР) е во постојана комуникација со Амбасадата на Република Македонија во Лондон. МНР ја известува јавноста дека Амбасадата стапи во контакт со Метрополитен полис и потврдува дека засега меѓу жртвите и повредените не се евидентирани македонски државјани“, се вели во соопштенито до медиумите. 

Во него уште се вели дека Министерството за надворешни работи на Република Македонија, силно го осудува синоќешниот терористички напад во Лондон, во кој според досегашните инфомации животот го изгубија 7 лица и 48 се повредени.

МНР инфомира, за прашања поврзани со безбедноста на македонските граѓани кои во моментот се наоѓаат во Лондон, заинтересираните може да се обратат во Амбасадата на Република Македонија во Лондон и во Министерството за надворешни работи, на телефоните 00442079760535 и 00389 72 239052, како и на електронските адреси london@mfa.gov.mк и sek.london@mfa.gov.mk, како и на silvana.ivanovska@mfa.gov.mk.

Слично

Поврзани вести