МНР на Русија: Одлуката на Македонија за преименување на земјата не ја одразува волјата на народот
Одлуката на Собранието на Македонија, која гласаше за преименување на земјата, се наметнува однадвор и не ја одразува волјата на народот. Ова се наведува во официјалниот став на Министерството за надворешни работи на Руската Федерација соопштен денеска.
Како што се вели во соопштението, на 11 јануари парламентот на Македонија гласаше за усвојување на амандманите на уставот за преименување на земјата во согласност со Преспанскиот договор. "Постои продолжување на вештачкото редистрибуирање на државното име наметнато однадвор, со цел да се присили Скопје за влез во НАТО, што е спротивно на македонското законодавство." Позицијата на шефот на Република Македонија и мислењето на мнозинството од нејзиното население кои го отфрлаат Преспанскиот договор се игнорираат ", пренесува руската дипломатска агенција.
Руското Министерство за надворешни работи, исто така, е затекнато од од тековните протести во Скопје и другите македонски градови, кои ја демонстрираат длабоката поларизација на општеството. "Очигледно е дека таков начин на решавање на прашања од национално значење за иднината на една земја не е одраз на волјата на нејзиниот народ и не може да послужи како алатка за долгорочно решавање на проблемот со државниот спор", истакна министерството.
Од таму велат дека потврда на нивното мислење дава и ситуацијата во Грција како една од страните на Спогодбата.
"Неодамнешните настани во Грција елоквентно сведочат за експлозивността на ситуацијата оптоварена со поткопување на стабилноста и безбедноста на Балканот - Панос Каменос, претседател на партијата Независни Грци покрена иницијатива за гласање за доверба до Владата", велат од руското МНР.
Во таа насока, Москва истакна дека одржливо решение за проблемот со македонското државно име треба да се најде "без надворешен притисок, наметнување услови од надвор, потпирајќи се на широка јавна поддршка и исклучиво во правната рамка.
"Ние претпоставуваме дека ова прашање треба да го разгледа Советот за безбедност на ОН во согласност со став 3 од Резолуцијата 845 на Советот за безбедност на ОН", заклучи руското Министерство за надворешни работи.
