МНР на Македонија и Грција по седми пат ќе разговараат за мерките на доверба
Денеска во Скопје ќе се одржи седмата рунда консултации меѓу министерствата за надворешни работи на Република Македонија и Грција.
Како што информираат од македонското МНР, овие консултации се одржуваат како дел од мерките за градење доверба меѓу двете земји.
Според најавите, се очекува во двете делегации учество да земат и претставници на повеќе ресорни институции.
Слично
