МНР ќе го разреши почесниот конзул во Шпанија Марио Деус
Од македонското МНР за Телма потврдиле дека пред Велигден е отпочната постапка за разрешување од статусот почесен конзул на Македонија во Шпанија за Марио Сезар Деус Јела.
Јела е осомничен за убиство на своите тригодишни близначиња извршено пред десетина дена во Јужноафриканската Република.
„Постојано комуницираме со МНР на Шпанија, но очекуваме и писмени информации за текот на постапката од сите надлежни институции во Кралството Шпанија. Имаме комуникација и со членовите на семејството на почесниот конзул. Постапката се уште е отворена и исходот е неизвесен. Минатата недела е почната и постапка за разрешување од статус почесен конзул на Република Македонија“- велат од прес службата на МНР во Скопје.
Од МНР ни објаснија дека согласно законските процедури предлогот Марио Сезар
Деус Јела да биде избран за почесен конзул е доставен од страна на амбасадата на
РМ во Мадрид, Шпанија. Според законските одредби за предложениот кандидат за
почесен конзул МНР на земјата односно во случајот Шпанија треба да се изјасни
позитивно за да продолжи постапката.
