Економија, финансии, бизнис

Контакт

МНР: Ќе биде разгледана опцијата за одземање на статусот Почесен конзул

МНР: Ќе биде разгледана опцијата за одземање на статусот Почесен конзул

Министерството за надворешни работи на Република Македонија преку Амбасадата во Мадрид побарало  верификација на информациите објавени во шпанските медиуми за наводно апсење на Почесниот конзул на РМ во Барселона, Марио Деус, обвинет за убиство на двете малолетни деца од Министерството за надворешни работи и Министерството за внатрешни работи на Кралството Шпанија. 

По добивање на соодветни информации, ќе бидат разгледани опциите за одземање, односно задржување на неговиот статус Почесен конзул на РМ во Кралството Шпанија, информираат од МНР. 

Деус, е уапсен во Јужна Африка како осомничен за убиство на неговите две деца, тригодишни близнаци, објавија шпанските медиуми.

Според информациите од полицијата во Јужна Африка, мајката на децата која била шведска државјанка, ги нашла телата во летната резиденција на Марио Деус во близина на Кејп Таун, соопшти портпаролот на полицијата Андре Траут.

Тој е назначен за конзул на Македонија во Барселона на 6 декември 2012 година.

Слично

Поврзани вести