Економија, финансии, бизнис

Контакт

МНР: Изјавите на Рама и Бушати се мешање во внатрешните работи на Македонија

МНР: Изјавите на Рама и Бушати се мешање во внатрешните работи на Македонија

Остра реакција на македонското Mинистерство за надворешни работи следи по зачестените навредливи изјави и коментари од официјални лица на Република Албанија, насочени кон Македонија и нејзините граѓани.

Вчера во МНР беше повикан на Амбасадорот на Република Албанија во Македонија, Фатос Река.

На средбата на Река му е укажано дека изјавите на Претседателот на Владата,  Еди Рама и министерот за надворешни работи, Дитмир Бушати за двонационалност и менување на уставното уредување на Република Македонија се отворено мешање во внатрешните работи на Република Македонија. Eтикетирањето на Македонците како „Славомакедонци“ е навредливо и дискриминаторски кон Македонците и сите граѓани на Република Македонија.

Таквите пораки се сериозна провокација за добрососедството што Македонија сака да ги негува, прават долгорочна штета на односите во регионот и потткнуваат екстремистичка реторика, му било пренесено на Река. 

Слично

Поврзани вести