МНР: Имало злоупотреби при купување амбасади
Државниот секретар во МНР, Виктор Димовски вели дека имало серија пропусти, незаконитости и потрошени огромени средства од државниот буџет.
Тоа е утврдено од увидот во документацијата за купување дипломатско-конзуларни претставништа на Република Македонија во странство во изминатите десетина години.
Димовски наведе дека со одлука на Влада од 2007 биле одобрени 40 милиони евра за купување 15 дипломатски-конзуларни претставништа, а со ребаланс на буџетот уште 10 милиони евра.
„Од увидот е констатирано дека двете комисии работеле само формално, односно доминирало влијанието на претседателот на една од комисиите. Сите купени објекти се наоѓаат на локации во кои нема амбасади. Исклучок е Прага каде прв сосед ни е амбасадата на Северна Кореја. Објектите се далеку од останатите ДКП-а и од центарот на градот, односно во обични резиденцијални квартови. Тоа укажува и на можноста дека реалната цена во времето кога биле купени била пониска од таа што е платена“- изјави Димовски.
