МНР го повика амбасадорот од Тирана на консултации по скандалозниот попис на Албанија
Министерството за надворешни работи соопшти дека македонскиот амбасадор во Албанија, Данчо Марковски е веќе повикан на консултации, по скандалозниот попис на Албанија.
– Поради итноста на материјата очекуваме консултациите да се случат во текот на оваа недела и за сите дополнителни детали јавноста ќе биде навремено информирана, се наведува во соопштението од МНР.
Според резултатите од пописот што ги објави албанскиот институт за статистика ИНСТАТ, во оваа земја живеат 2.281 Македонец, 7.957 се попишани како Бугари.
Ваквите бројки во кои за прв пат се појавуваат Б угари во Албанија предизвика лавина реакции.
Од друга страна, Бугарија објави дека е задоволна од резултатите од пописот.
Слично
