Економија, финансии, бизнис

Контакт

МНР го испитува случајот со Наумовски

МНР го испитува случајот со Наумовски

„Во тек постапка за расчистување на случајот“, се вели во одговорот на Министерството за надворешни работи на прашањата на МКД.мк. дали ќе биде санкциониран Васко Наумовски, амбасадорот на Македонија во САД, кој одби да учествува во пречекот на министерката за одбрана Радмила Шекеринска при посетата на Стејт Департментот.

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска по враќањето од Вашингтон за ТВ Телма изјави дека амбасадорот на Македонија во САД, Васко Наумовски ниту ја пречекал ниту ја испратил по нејзината посета и средбите со највисоки функционери во Пентагон и во Стејт департментот.

„Се согласувам дека е скандалозно да нема интерес да биде на тие средби, кои по цели 6 години повторно се на највисок ранг“, рече Шекеринска. Таа смета дека е сосема легитимно правото на амбасадорот да биде со друго политичко убедување, но не го разбира потегот на Наумовски да постапува така кога се во прашање државни работи.

„Ако му пречи актуелната власт, како не му пречи секој први во месецот да си ја земе платата и да седи во Вашингтон?“, рече Шекеринска.


Слично

Поврзани вести