МНР ги подготвува документите за пренос на телото на мртвата велешанка пронајдена во Лондон
Министерството за надворешни работи ја потврди веста за смртта на 36 годишната Билјана од Велес која беше пронајдена мртва во стан во Лондон, по што се подготвуваат документите за пренос на телото во Македонија.
Засега не се знае од што настапила смртта кај девојката. Тоа ќе треба да го покажат резултатите од обдукцијата.
- Ова е трагедија како за семејството така и за починатата девојка - велат неколкумина велешани кои го познаваат семејство и Билјана.
Девојката петнаесет години живеела во Лондон и работела како медицинска сестра. Таа често доаѓала дома, во Велес. Пред еден месец нејзиниот татко бил во Лондон кај неа. Семејството секојдневно контактирало со Билјана на телефон или интернет. Родителите откако не успеале во понеделникот да се слушнат со неа побарале помош од нејзини пријатели во Лондон кои потоа им ја соопштиле трагичната вест.
