Економија, финансии, бизнис

Контакт

МНР формираше координативно тело за помош на државјаните затекнати на граничните премини

МНР формираше координативно тело за помош на државјаните затекнати на граничните премини

Во Министерството за надворешни работи е формирано координативно тело за помош и поддршка на своите државјани кои се наоѓаат затекнати на граничните премини на други држави и аеродроми, поради новонастанатата ситуација поврзана со корона вирусот (COVID-19).

„Ги замолуваме сите македонски граѓани во вакви ситуации информациите да ги доставуваат преку следните канали на комуникација:

+389 75 273 732 (редовна линија, Viber и WhatsApp)
+389  75 446 647 (редовна линија)
+389 70 282 078 (редовна линија, Viber и WhatsApp)
Електронска пошта:globalsos@mfa.gov.mk

Уште еднаш, апелираме, врз основа на официјалните мерки и препораки,  сите државјани кои живеат или престојуваат во земјите со висок и среден ризик да го одложат доаѓањето во Северна Македонија во овој период“, стои во соопштението. 

Слично

Поврзани вести