МНР: Eден наш државјанин се наоѓа во градот Волос
Според информациите од Амбасадата во Атина, заклучно со денеска еден наш државјанин се наоѓа во градот Волос, на безбедно место, во локален хотел.
Министерството за надворешни работи (МНР) апелира сите наши државјани да ги избегнуваат загрозените подрачја од невремето во Грција и да останат на сигурно до евентуална евакуација.
„Информираме дека дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во Грција се во постојана комуникација со надлежните институции, со цел давање асистенција на нашите граѓани кои се наоѓаат во загрозените подрачја“, велат од МНР.
Тие изразуваат сочувство до семејствата на жртвите од големото невреме што ја зафатија Грција.
На располагање се, додаваат, СОС телефонот на МНР 075/ 273- 732 и дежурните телефони на Амбасадата во Атина +306944743071 и Генералниот конзулат во Солун + 30 6987200410.
Во Волос има и „заглавени“ српски туристи од Ниш.