МНР Е ВО СИНА БОЈА: Се одбележуваат 75 години од формирањето на НАТО
Зградата на Министерството за надворешни работи (МНР) е осветлена во сино, по повод одбележувањето на 75 години од формирањето на НАТО.
Ова е по повод одржувањето на НАТО Самитот во Вашингтон.
„Република Македонија е кредибилен НАТО сојузник со активен придонес во зајакнувањето на колективната безбедност и зачувувањето на трансатлантската стабилност. Заедно со нашите сојузници во Алијансата стоиме обединети во определбата за одбрана на споделените демократски вредности и заложбите за траен мир и просперитет“, информираат од МНР.
На Самитот на НАТО беше потврдена силната поддршка за Украина. Беше кажано дека Украина е на „неповратен пат“ кон НАТО.
Слично
