Економија, финансии, бизнис

Контакт

МНР: Договорена средба Димитров - Дачиќ во Ниш

МНР: Договорена средба Димитров - Дачиќ во Ниш

Од Министерството за надворешни работи велат дека штотуку заврши разговорот меѓу министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров и првиот заменик премиер и министер за надворешни работи на Република Србија, Ивица Дачиќ.

„Во отворен разговор во врска со неодамнешните случувања, министерот Дачиќ информираше дека персоналот на Амбасадата ќе пристигне назад во Скопје во текот на утрешниот ден (четврток, 24 август). Согласно договореното меѓу Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев и Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, а со цел зацврстување на традиционално пријателските односи, министрите за надворешни работи се договорија да се сретнат веќе овој петок во Ниш, Република Србија“ - информираат од МНР.

Денеска имаше и телефонски разговор помеѓу македонскиот премиер Зоран Заев и српскиот претседател Александар Вучиќ при што е констатирано дека сите проблеми ќе се решаваат со дијалог.

Слично

Поврзани вести