Економија, финансии, бизнис

Контакт

МНР: Доаѓањето на Јотова е најавено по дипломатски пат

МНР: Доаѓањето на Јотова е најавено по дипломатски пат

Министерството за надворешни работи објави дека престојот на делегацијата предводена од потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова во Скопје е пријавен по дипломатски пат преку Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.

Јавноста реагираше на пристигнувањето на Јатово која во Скопје им даде поддршка на бугарските клубови, а бугарските медиуми информираа дека средбата била одржана без најава.

- Информираме дека во однос на престојот на потпретседателката не се побарани средби ниту други програмски содржини и нејзиниот престој и транзит низ земјава е во организација на Амбасадата, наведуваат од МНР.

Потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова, како што пенесоа бугарските медиуми, вчера на враќање од Косово, во Скопје остварила средба со претставници на бугарската заедница во Северна Македонија. На средбата што се одржала во Амбасадата на Бугарија во Скопје присуствувале научници, политичари, бизнисмени и граѓани.са/

„Ние секогаш ќе бидеме ваши бранители, исто како што го браневме ова невино момче Христијан Пендиков, кој за малку ќе го загубеше животот затоа што се чувствува Бугарин и е член и секретар на бугарски клуб. Не е присуството на бугарски пасош што го прави човекот, важно е неговата самосвест, а секој што има бугарска самосвест ќе биде заштитен“, посочи Јотова во Скопје

Слично

Поврзани вести