Економија, финансии, бизнис

Контакт

МНР: До овој момент вкупно 22 луѓе побарале асистенција за напуштање на Израел

МНР: До овој момент вкупно 22 луѓе побарале асистенција за напуштање на Израел

До овој момент вкупно 22 луѓе побарале асистенција за напуштање на територијата на Израел и враќање во Северна Македонија. Станува збор за државјани на Северна Македонија, како и членови на нивните потесни семејства, велат од МНР.

„Во тек се активности за нивна скорешна евакуација и трансфер до безбедна локација, од каде што дополнително ќе се организира нивно враќање во земјата. Напоменуваме дека дипломатско-конзуларното претставништво во Тел Авив е во постојана комуникација со нашите државјани, а Министерството за надворешни работи и надворешна трговија активно работи на обезбедување на сите неопходни услови за нивно безбедно враќање“, велат од МНР. 

Македонското Mинистерство за надворешни работи(МНР) објави телефони за помош на наши државјани кои се наоѓаат во Израел и во Иран. 

Поради влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите државјани на Република Северна Македонија кои се наоѓаат на територијата на Израел и Иран, доколку им е потребна конзуларна помош, веднаш да стапат во контакт со надлежните институции преку дежурните (СОС) телефонски броеви.

За помош и асистенција, граѓаните можат да се обратат на следните контакти:

Амбасада на Република Северна Македонија во Тел Авив

Тел: +972 54 500 8566 / +972 54 967 0546

Е-пошта: telaviv@mfa.gov.mk

Министерство за надворешни работи и надворешна трговија

Тел: +389 75 273 732 / +389 75 268 736

Е-пошта: globalsos@mfa.gov.mk

Слично

Поврзани вести