Економија, финансии, бизнис

Контакт

МНР: До македонската Амбасада во Вашингтон не се обратиле за помош македонски државјани

МНР: До македонската Амбасада во Вашингтон не се обратиле за помош македонски државјани

Министерството за надворешни работи денеска информираше дека досега до македонската Амбасада во Вашингтон не се обратиле за помош македонски државјани кои живеат на Карибите и брегот на САД кои беа погодени од ураганот Ирма.

Од МНР велат дека се во комуникација и со Канцеларијата на странски мисии во Вашингтон и дека до денеска немаат добиено информација за пријавени македонски државјани од погодените подрачја.

„Од социјалните мрежи дознавме дека има еден македонски државјанин на островот Ст. Мартин. Иако островот територијално припаѓа под јурисдикција на Франција и Кралството Холадија, поради географската близина сепак пробавме да стапиме во контакт уште во текот на вчерашниот ден (преку социјалните мрежи) но  уште немаме добиено одговор“ - соопшти МНР.

Оттаму наведуваат дека телефонските броеви за контакт со македонската амбасада во Вашингтон на кои може да се обратат македонските граѓани во секое време се 202-390-7418 и 202-667-0501.

Според податоците од Националниот центар за урагани во Вашингтон, ураганот Ирма ќе стигне до брегот на Флорида во недела, а од вчера аеродромите Мајами и Форт Лодердејл не работат.

Слично

Поврзани вести