МНР до Андреј Ковачев: Не те пуштивме, зошто патуваше со пет ризични лица
Министерството за надворешни работи преку соопштение во јавноста му одговори на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев дека му бил забранет влез во Македонија на 6 мај поради сознание дека патувал во група заедно со пет лица за кои постојат индиции дека претставувале ризик по мирот и безбедноста за земјата.
Претходно Ковачев преку бугарските медиуми побара од МНР официјално да му објасни која е причината што не му било допуштено да патува во Македонија.
„Во таа насока, на 6 мај, на граничниот премин Ново Село, „поради неисполнување на условите за влез во Република Северна Македонија, согласно законот за странци, не било дозволен влез на група од петмина државјани на Република Бугарија“.
Дополнително би сакале да нагласиме дека во оваа група со која патувал и европратеникот Андреј Ковачев, имало лица за кои во Министерството за внатрешни работи има сознанија дека претставуваат ризик по јавниот мир и безбедност.
Европратеникот Ковачев не е меѓу нив, но надлежните служби донеле таква одлука поради групата со која патувал.
Секој европратеник кој го почитува достоинството на државата и нејзините граѓани е добредојден во Северна Македонија“, гласи одговорот од МНР.
