МНР чека потврда дали е убиен Македонец во Боливија
Министерството за надворешни работи и трговија чека одговор дали е убиен македонски државјанин во Боливија.
Претходно српски медиуми објавија дека двајца српски и еден македонски државјанин се убиени во оваа јужноамериканска земја.
Од министерството напоменуваат дека македонската амбасада во Бразил е во постојан контакт со Амбасадата на Боливија во Бразилија.
„Во врска со објавите во српските медиуми поврзани со убиството на три лица во Боливија, од кои, според медиумските информации, се работи за двајца српски и еден македонски државјанин, Ве информираме дека Амбасадата на Република Северна Македонија во Бразил е во контакт со Амбасадата на Боливија во Бразилија.
За потврда на идентитетот на жртвите, се очекува завршување на обдукцијата, која сè уште е во тек.
По добивањето на официјална информација од боливиските власти за идентитетот на жртвите и околностите на настанот, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија дополнително ќе ја информира јавноста.“, велат од МВР.
