Економија, финансии, бизнис

Контакт

МНР: Брачниот пар од Газа во моментов е на безбедно

МНР: Брачниот пар од Газа во моментов е на безбедно

Министерството за надворешни работи информира дека македонскиот брачен пар затекнат во Газа во моментов е на безбедно и дека се води комуникација помеѓу двете македонски амбасади со официјалните власти во Каиро и Тел Авив за нивна евакуација.

Брачниот пар се наоѓа во Газа, поточно во градот Кан Јунес, на 12 километри од граничниот премин Рафах. Двојката е сместена во болница на Црвената полумесечина и во моментот, како што тврдат од МНР,  е на безбедно. 

„Со посредство на нашите ДКП-а, ставени се на официјалната листа за евакуација и се чека да бидат создадени услови за нивна евакуација, што во најголема мерка зависи од состојбите на терен, кои во моментот не може да се предвидат. Остануваме во секојдневна комуникација со нив, се до нивно евакуација на безбедно. Во меѓувреме работиме на идентификување и прибирање податоци за евентуално други наши државјани кои би можеле да бидат затекнати во Газа, за што уште еднаш потсетуваме на нашите контакти: СОС телефони на МНР- 075/ 273- 732 и 075/268-736, дежурниот телефон на Амбасадата во Тел Авив +972-54-926-7378 и дежурниот телефон на Амбасадата во Кајро +201033615542“, објави министерството.

Слично

Поврзани вести