Економија, финансии, бизнис

Контакт

МНР без потврда за точниот датум на Велигденската посета на Коѕијас

МНР без потврда за точниот датум на Велигденската посета на Коѕијас

МНР засега не може да го потврди точниот датум на Велигденската посета на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас кој според информации на грчкото министерство треба повторно да пристигне во Скопје за средби со државниот врв по велигденските празници. Грчките медиуми веќе шпекулираат со датумот 12 април, неколку дена по одбележувањето на верскиот празник за идеално продолжување на разговорите и за тоа што веќе било постигнато како напредок во Виена под медијација на Метју Нимиц.

Министерот за надворешни работи Димитров денеска отпатува во Париз, кадешто утре и во четврток има средба со францускиот шеф на дипломатијата Жан Ив Ле Дриан.

Од МНР велат дека Димитров вчера го брифирал премиерот Заев, а другите лидери на партии и претседателот Иванов ќе бидат брифирани по Велигденските празници на лидерска средба.

Коѕијас во Атина ги продолжува брифинзите на грчкиот државен и политички врв. Ќе се сретне со лидерот на ПАСОК и на движењето за промени и со претседателот на Унијата на центристите.

Мицотакис од опозициската Нова Демократија одбил да се сретне со Коѕијас и барал лично да биде брифиран од премиерот Ципрас. Шефот на грчката дипломатија веќе ги брифирал лидерите на грчката партија РЕКА и на Комунистичката партија.


Слично

Поврзани вести