МНР АПЕЛИРА СИТЕ МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ДА ЈА НАПУШТАТ СИРИЈА - има можност за влошување на ситуацијата
Сите македонски државјани кои се наоѓаат на територијата на Сирија да ја напуштат државата, оние кои планирале да патуваат натаму да го одложат патувањето.
Ваков апел пристигна од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија кои ги повика сите наши државјани кои се наоѓаат во Сирија, поради влошената безбедносна ситуација да ја напуштат во прва можна прилика.
- Апелираме да се одложат сите патувања кон оваа држава. Постои можност за натамошно влошување на ситуацијата, а со тоа и намалени можности за навремено напуштање на Сирија - се наведува во соопштението од Министерството.
Оттаму посочуваат дека како и секогаш, Министерството ги става сите свои капацитети за асистенција на нашите државјани и посочува на СОС дежурниот телефон на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија +389 75 268 736 (меил адреса: globalsos@mfa.gov.mk ).
