Економија, финансии, бизнис

Контакт

МНР: Амбасадата во Прага е во континуирана комуникација со семејството за пренос на телото на Душко Чифлиганец

МНР: Амбасадата во Прага е во континуирана комуникација со семејството за пренос на телото на Душко Чифлиганец

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека на 2 август 2025 година, до македонската амбасада во Прага e доставена информација за тешка сообраќајна несреќа во која бил повреден македонскиот државјанин Душко Чифлиганец. Тој управувал мотор кога дошло до незгодата, по што со тешки повреди бил пренесен во болница. Вчера семејството ги информирало дека тој починал. 

Како што соопштија од МНР, Амбасадата во Прага е во континуирана комуникација со семејството со цел завршување на сите неопходни формалности и организација за пренос на телото во Македонија.

Чифлиганец беше дипломиран економист, а освен потпретседател во семејниот бизнис, „Адора Бизнис Групација“, имаше и големи успеси во други полиња. 

Слично

Поврзани вести