Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мнозинството од младите Македонци живеат со родителите, Евростат објави каква е состојбата во регионот

Мнозинството од младите Македонци живеат со родителите, Евростат објави каква е состојбата во регионот

Податоците кои ги објави Евростат, покажуваат дека дури 71 отсто од младите во Македонија живеат со родителите.

На Балканот многу млади луѓе на возраст меѓу 25 и 29 години живеат со родителите. Македонија е на шестото место зад Албанија, Грција, Србија, Црна Гора и Хрватска.

79,9 отсто од младите живеат со своите родители во Хрватска, додека на втората позиција се наоѓа Црна Гора со 78,7 проценти. Во Србија 76,4 отсто од младите живеат со родителите, а понатаму на листата се Грција со 72,9 и Албанија со 72,8 проценти во топ-5 на листата.

На шестата позиција се наоѓа Македонија со 71 отсто од младите меѓу 25 и 29 години кои живеат со своите родители. Во Италија 69,8 отсто од младите живеат со родителите, во Косово  68,6, во Португалија  68,1 и во Словачка  67,4 проценти. Финансиите се пресудни и тие не дозволуваат младите рано да заминат од домот на родителите. 

Истиот проблем во Македонија трае со години и со децении. Младите доцна заминуваат од домот на родителите.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести