Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мнозинството Македонци навиваат за македонска платформа

Мнозинството Македонци навиваат за македонска платформа

Повеќе од половина од македонските граѓани се со став  дека двете најголеми македонски партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ треба да потпишат македонска платформа по теркот на албанската платформа што ја потпишаа албанските партии. 

Ова го покажува последната анкета на ТВ Телма.

За подготовка на македонска платформа се изјасниле 58,4% од анкетираните граѓани, а против биле 31,1%.

Резултатите според етничка припадност на анкетираните покажуваат дека кај Македонците 64,7% велат дека треба да има македонска платформа, а 27% се против. Кај Албанците, пак, 37,3% се „за“ македонска платформа, а 46,2%се против.

Гледано по политички партии, поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ се со најголем процент, па дури 74,8% од нив сакаат македонска платформа, а 8% се против. Кај СДСМ „за“ македонска платформа се 49,8%, а 42% се против.

Податоците од анкетата покажуваат дека кај албанските партии, најголема поддршка за македонска платформа има од поддржувачите на ДПА, и тоа 50%, а исто толку се и против таква платформа. Кај ДУИ „за“ се изјасниле 33,3%, а против се 66,7%. Од приврзаниците на Движењето БЕСА, 37% сметаат дека треба да има македонска платформа, а 40% се против. Кај Алијансата за Албанците, 26,73% се „за“, а 66,7% се против.

Анкетата е направена од 4 до 10 февруари, а мнозинството граѓани се изјасниле против нови предвремени парламентарни избори.

Слично

Поврзани вести