Економија, финансии, бизнис

Контакт

МНОЗИНСТВОТО ГРАЃАНИ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН ВЕРУВААТ ВО ТЕОРИИ НА ЗАГОВОР: Против Ковид-19 би се вакцинирале само 39 отсто

МНОЗИНСТВОТО ГРАЃАНИ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН ВЕРУВААТ ВО ТЕОРИИ НА ЗАГОВОР: Против Ковид-19 би се вакцинирале само 39 отсто

По големо истражување на јавното мислење што го спроведоа „Балкан во Европа“ заедно со Европскиот фонд на Балканот, најголемиот број граѓани од Западен Балкан не веруваат во вакцините против корона вирусот, однос би се вакцинирале само 39 отсто.

Ова истражување истовремено покажа дека дури 2 третини или 75 проценти од населението во земјите од Западен Балкан веруваат во една или повеќе теории на заговор за КОВИД-19, а најмногубројни се граѓаните на Албанија, а потоа на Србија.

Студијата покажа дека склоноста да се верува во теории на заговор не зависи од образованието, возраста или полот на луѓето, ниту од тоа дали тие живеат во голем град или на село. Како главна причина за раширениот заговор се наведува недовербата кон државните институции и политичарите.


Слично

Поврзани вести