Економија, финансии, бизнис

Контакт

„МНОГУПАТИ ГИ ИМАМЕ ФАТЕНО, НО ПОВТОРНО СЕ ОСТАВЕНИ ДА ПУСТОШАТ ПО ПЛАНИНИТЕ“: Михаилов со видео од бркањето крадци на Скопска Црна Гора

„МНОГУПАТИ ГИ ИМАМЕ ФАТЕНО, НО ПОВТОРНО СЕ ОСТАВЕНИ ДА ПУСТОШАТ ПО ПЛАНИНИТЕ“: Михаилов со видео од бркањето крадци на Скопска Црна Гора

Заменик директорот на Национални шуми, Кире Михаилов објави видео од потргата по дрвократци од посетата на Скопска Црна Гора и порача дека и покрај тоа што поднеле бројни пријави против кратците, кои се враќаат и продолжуваат со крадење дрва и они нема да се откажат и дека ќе продолжат да ги фаќаат со цел да го спречат пустошењето на планините. 

- Голема заедничка акција на Скопска Црна Гора на ЈП "Македонски Шуми", шумската полиција и "Македонија Пат"

Веќе неколку месеци, нашите служби овде, заеднички со шумската полиција, секојдневно се борат со шумската мафија

Но, и покрај тоа што сторителите многу добро ги знаеме и истите многупати ги имаме фаќано и им имаме поднесено по десетици пријави, судот не наоѓа начин трајно да ги осуди, т.е. отстрани туку повторно и повторно се оставени да пустошат по планините

За да го спречиме пустошењето на шумите, а со тоа и,загадувањето на Скопје, ќе ги преземеме сите неопходни дејства со сите институции во насока на целосно отстранување на ваквите проблеми - напиша Михаилов во објавата на видеото. 



Тој укажа дека со оваа акција не се надмината проблемите, „но, ова е показател дека по ниту еден основ нема да отстапиме од борбата со шумската мафија“.


Фото: Принтскрин/Фејсбук  


Слично

Поврзани вести