Економија, финансии, бизнис

Контакт

МНОГУ ВАЛКАН ДОЖД И ЗАМАТЕНА АТМОСФЕРА: Сахарскиот прав ќе не „задуши“, ќе го има и до 2.000 честички на милиграм кубен, што е премногу

МНОГУ ВАЛКАН ДОЖД И ЗАМАТЕНА АТМОСФЕРА: Сахарскиот прав ќе не „задуши“, ќе го има и до 2.000 честички на милиграм кубен, што е премногу

Поради изразеното јужно воздушно струење кое ќе го има над нашиот дел од Европскиот Континент (Балканот, вклучувајќи ја и нашата Македонија), денес  и утре од Сахара кон нашите краишта ќе се врши голем транспорт на прашина  и на песок, со што и Атмосферата ќе биде заматена, а дождот што го очекуваме ќе биде многу валкан, вели метеорологот Славчо Попоски.

„Се работи за огромно количество на сахарска прашина  и песок од Сахара како што погоре наведовме, се очекува над Балканот и над Македонија денес и утре локално да има дури вкупно  и до 2000 честички на милиграм кубен (што е премногу).

А под влијание на влажен воздушен бран од Медитеранот, особено денес попладне, во текот на ноќта утре во Македонија ќе има повремени врнежи од дожд, и истите локално ќе бидат пообилни (со што локално ќе наврнат до околу, па и над 20 литри дожд на метар квадратен), особено во западните  и во јужните предели од државава.

Снег ќе врне само на највисоките планини во северозападните предели од Македонија (односно на највисоките места на планината Шар Планина)“, вели Попоски.


Слично

Поврзани вести