МНОГУ ТОПЛО: Teмператури до 42 степени и УВ индекс 10
Времето е сончево и многу топло со температури до 42 степени.
Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а во попладневните часови во крајните западни делови од земјата ќе има услови за краткотраен локален дожд. УВ-индексот ќе биде висок и ќе изнесува 10. Температурата ќе се движи од 31 до 42 Целзиусови степени. Во Скопје денеска ќе биде претежно сончево и многу топло. Максималната дневна температура ќе достигне 40 степени. За утре се прогнозира сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. За попладне, во западните делови од земјата, се прогнозира појава на пороен дожд и грмежи, а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец. УВ-индексот и утре ќе биде висок и ќе изнесува 9. За утре во Скопје синоптичарите прогнозираат сончево и многу топло време со мала локална облачност. Дневната температура утре ќе биде од 31 до 42 степени.
