Економија, финансии, бизнис

Контакт

МНОГУ СОНЦЕ: Прогноза за неработниот ден

МНОГУ СОНЦЕ: Прогноза за неработниот ден

Продолжува многу топлото време, земјава и денес во жолта фаза.

Според синоптичарите за денешниот неработен ден предвидуваат сонце и многу топло време со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

 УВ индексот за денес, петок ќе изесува 9.

Дневните температури на воздухот ќе се движат од 28 до 39 степени целзиусови.

Во Скопје според метеорлозите се очекува слично време и температури до 36 степени целзиусови.

Остануваат препораките од миистерството за здравство за заштита од многу топлото време, односно од жолта фаза.

Да се пие повеќе вода, доколку не мора да не се излегува на сонце во периодот од 11 до 17 часот, да се носи светла облека, а хронично болните лица да ја земаат редовно препишаната терапија.

Слично

Поврзани вести